Земјотрес со интензитет од 4,3 степени според Рихтеровата скала бил регистриран во Егејското Море, покажува извештајот на интернет страницата на Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC) .
Епицентарот на потресот бил на 146 километри северно од грчката престолнина Атина и на 16 километри северно од Алонисос. Земјотресот бил на длабочина од 11 километри.