„Шпигел“: Фронтекс вмешан во незаконско враќање мигранти во Егејот

Од:

Европската агенција за гранична и крајбрежна стража, Фронтекс, е вмешана во неколку нелегални „одбивања“ на бегалци кои го преминуваат Егејското Море од Турција кон Грција.Тоа го објави германски „Шпигел“.

Истрагата „за првпат покажа дека високи функционери на Фронтекс биле свесни за незаконски практики од страна на грчките граничари и некои од нив биле вклучени во одбивање“ на мигрантите, пишува списанието. Тие нелегално враќале бегалци во земја каде што можат да бидат прогонети.

Новинари објавија дека откриле шест случаи од април во кои барем единиците на Фронтекс не сториле ништо за да го спречат враќањето на бегалските чамци во грчките води. Видео од инцидент во јуни покажува брод на Фронтекс кој блокира брод со бегалци.

Во истрагата учествувале АРД, тимот на Лајтхаус Репортс, истражната платформа Белингат, Шпигел и јапонската ТВ Асахи.

Новинарите рекоа дека имаат „десетици“ видеа, проверувале и сателитски снимки и испрашувале сведоци, вклучително бегалци и вработени во Фронтекс.

Шпигел пишува дека повеќе од 600 луѓе од Фронтекс, опремени со чамци, беспилотни летала и други авиони, се наоѓаат во Грција, каде што многу имигранти влегуваат во ЕУ за првпат.

Би можело да ве интересира

Значително намалени бегалските бранови на грчките острови

Жарко Настоски

Во Приштина уапсен мигрант од Мароко осомничен за убиство во Сараево

Жарко Настоски

Се преврте брод со мигранти крај шпанскиот брег, загинаа најмалку осуммина луѓе

Жарко Настоски

Брод со 35 мигранти се превртел кај Канарските острови, четворица се удавиле

Ана Ололовска

Шпанија поставува привремени кампови за илјадниците мигранти на Канарските Острови

Двојно зголемено протерувањето на мигрантите од Австрија во Словенија

Ана Ололовска