Дел од западните медиуми денеска објавија дека група од 12 земји-членки на ЕУ сака шестте земји од Западен Балкан да учествуваат на годишните самити на ЕУ пред да се приклучат кон Унијата.
Австрија, Чешка, Естонија, Ирска, Италија, Литванија, Летонија, Малта, Полска, Словенија, Словачка и Унгарија сакаат на самитите на ЕУ да учествуваат и лидерите на западнобалканските држави.
Нивниот предлог е предаден на Европска комисија кон крајот на јануари, а се бара министрите од Западен Балкан да учествуваат на состаноците ма ЕУ кои се однесуваат на заштита на животната средина, здравство, сообраќај и надворешна политика.