Збратимување на општини на Српска и Косово

Од:

Претседателите на 20 општини и градови од Република Српска и 25 српски општини на Косово и Метохија потпишаа Повелба за збратимување, со што ќе се интензивира соработката но, ќе дојде и до зајакнување на српските институции во општините со српско мнозинство.

Помошникот на канцеларијата за Косово, Мирко Крлиќ на собирот во Грачаница изјави дека збратимувањето на сите општини е многу важно за Србите кои живеат на Косово.

Очекуваме одлична соработка како во стопанството, економијата, спортот и културата. Врската која се прави на овој начин се надевам дека долго ќе трае и ќе биде благодет, пред се за народот, кој живее на Косово, нагласи тој.

Како што соопштуваат од владината Канцеларија за Косово, претседателите на општините денес го посетија манастирот Грачаница, а предвидени се и посети на Призрен, Велике Хоче, Високи Дечани и Пеќката Патријаршија.

Претседателот на Српската општина Соколац, Данко Вучетиќ изјави дека ова е почеток на интензивна соработка, наведувајќи дека секоја општина ќе одлучи со кого ќе соработува.

Според претседателот на организациониот одбор за помош на Србите на Косово од Бањалука Милорад Арлов збратимувањето ќе им даде на Србите материјална но и морална поддршка.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски