Заутис: Веројатно го достигнуваме пикот и очекуваме намалување на заразените со Ковид-19

Од:

Претседателот на Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ) Теоклис Заутис оценува дека земјата веројатно се приближува до пикот и во следниот период ќе има намалување на бројот на заразени со Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.

Говорејќи за грчката телевизија „Скај“, Заутис истакна дека зголемување на случаите има во сите европски земји, објаснувајќи дека причините се новите варијанти на Омикрони кои брзо се шират и лесно се пренесуваат, но и тоа што цела Европа е вратена во нормала.

Посочи дека е позитивно тоа што, барем засега, нема зголемување на бројот на пациенти приклучени на апарати на одделите за интензивна нега во грчките болници.

-Во овој момент веројатно сме во пикот на бранот и мислам дека многу брзо ќе видиме деескалација. Речиси сме на врвот. Загриженоста е дали ќе следи зголемување на приеми на одделите за интензивна нега. Ако ги видиме научните податоци од претходните бранови, зголемувањата на приеми на одделите за интензивна нега беа во период од две седмици. Сега сме речиси на 28 дена од почетокот на овој бран. Сметам дека нема да видиме големо зголемување како што беше случај во минатото. Населението во голема мера има имунитет. Варијантата е послаба во однос на серозни заболувања и сметам дека во следните денови или седмици ќе видиме деескалација, објасни Заутис.

Во однос на новите случаи, претседателот на ЕОДИ објасни рече дека најмногу заразени има на островите и на туристичките места и поголемиот број се на возраст од 18 до 24 години.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он

Живеат над 90 години и не знаат за деменција – жителите на грчки остров пијат чај секој ден

А1он

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот