Застрелана 19-годишна Турчинка зарди учество во TV шоу за млади таленти

Од:

Младата Митлу Каја е тешко повредена во главата и се бори за својот живот, откако непознат напаѓач пукал врз неа додека таа вежбала пеење во куќата на нејзините родители.

Каја (19) учествува во забавната програма „Шеси Чок Ѓузел“ на турската телевизија на која се избираат најдобрите музички таленти во земјата и во моментот на нападот се подготвувала за својот настап.

Според полицијата, напаѓачот бил сокриен во градината и пукал од својот пиштол низ отворениот прозорец.Претставник на полицијата изјави дека едно лице е уапсено во врска со нападот, но не го открива неговиот идентитет.

Обидот за убиство на девојката, се случил во провинцијата Дијарбекир, која се смета за една од најконзервативните средини во Турција.Пред нападот, младата Каја добивала смртни закани да престане да пее и да се повлече од натпреварувањето.

Нејзин ментор во ова натпреваување, слично на многу такви во разни земји во светот во кои се избира најдобриот талент, е познатата турска пејачка на народни песни Сибел Чан, една од најпопуларните ѕвезди во Турција.

Митлу Каја верувала дека може да отиде многу далеку во натпреварувањето и да стане пејачка и одбивала да се повлече пред заканите.

Лекарите во болницата каде та се лечи од повредите тврдат дека нејзината здравствена состојба е мошне сериозна.

Нејзините родители сега апелираат до пејачката Сибила Чан да им побогне во „тешката ситуација“ во која се наоѓаат и тие по ободот за убиство на нивната ќерка.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ