Засилени безбедносните мерки во регионот поради ситуацијата во Турција

Од:

Поради ситуацијата во Турција земјите од регионот презедоа безбедносни мерки.

Бугарското Министерство за надворешни работи соопшти дека Турција ги затворила граничните премини со Бугарија. Претходно, бугарските власти ги зајакнаа патролите на границата со Турција и апелираа до своите граѓани да не патуваат за Турција.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов одржа состанок со безбедносните и разузнавачките агенции.
Во Грција армијата е во состојба на борбена готовност, а српскиот премиер Александар Вучиќ закажа состанок на кој се разгледуваат мерки за заштита на граѓаните.

И други држави од поблиското и подалечното опкружување преземаат слични мерки. Грузија и Иран ги затворија границите со Турција. 

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ