Започна конститутивната седница на новото Собрание на Косово

Од:

Новото Собрание на Косово, произлезено од вонредните парламентарни избори одржани на 6 октомври, ја започна попладнево, нешто по 15 часот, својата конститутивна седница.

Седницата, согласно собранискиот деловник, ја води највозрасниот пратеник, Јахја Кока, заедно со најмладата пратеничка, Фјола Ујкани, обајцата од Движењето Самоопределување (ВВ).

На почетокот на седницата, на која присуствуваат 111 од 120-те избрани пратеници, беше избрана Комисијата за верификување на пратеничките мандадти, по што е дадена пауза од 15 минути.

Седницата ја следат и повеќе амбасасдори акредитирани во Косово.

Според дневниот ред, Собранието денеска треба да го избере својот претседател и потпретседателите, но извесно е дека тоа нема да се случи, со оглед дека двете партии победнички на октомвриските избори, ВВ на Албин Курти и Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) на Иса Мустафа, се уште не се договорија за формирање заедничка влада.

Според неофицијални најави, по верификувањето на мандатите и конституирањето на седмото по ред Собрание на Косово, се очекува седницата да биде прекината и да продолжи кога ВВ и ЛДК ќе постигнат договор.

Двете досега опозициски партии од порано објавија дека се договориле за програмата на идната заедничка влада, која ќе ја води Курти, меѓутоа до застој во преговорите дојде откако ЛДК истапи со барање да ја преземе функцијата претседател на државата, откако во април 2021 година ќе му заврши мандатот на актуелниот претседател Хашим Тачи.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски