Запленети околу два тони марихуана – голема акција во Белград

Од:

Во голема акција на припадници на Управата за криминалистичка полиција, која се спроведува по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград на територијата на главниот град на Србија, запленети се еден тон и 958 килограми марихуана! Уличната вредност на конфискуваната дрога се проценува на речиси 20 милиони евра! За време на претресот, пронајдена е дрога спакувана во црни кеси.

Поради запленувањето на рекордна количина дрога, уапсени се неколку лица под сомнение за производство и продажба на дрога.

– Ова е најголемата историска заплена на дрога во Белград. Досега, таква количина никогаш не е пронајдена – објави српски Курир“.

Според соговорник на медиумот, претресите на неколку локации сè уште се во тек.

– Пронајдена е голема количина, иако на почетокот се сметаше дека е запленета околу 1,5 тони од оваа дрога, кога сè беше измерено, се покажа дека е неверојатно, речиси две тони – додава соговорникот.

Би можело да ве интересира

Денеска е погребот на Ратко Младиќ

А1он

Белградска парада на гордоста: Голем дел од центарот на градот затворен, сообраќајот променет

(ВИДЕО) Телото на Ратко Младиќ пречекано со воени почести, на погребот се очекуваат десетици илјади граѓани

A1on

(ВИДЕО) Изгорени десет автомобили во Нов Белград, се истражува дали пожарот е подметнат

Горан Наумовски

Грабеж во Белград – од куќа украден сеф со злато и 400.000 евра

А1он

Почина човек на Ада Циганлија во Белград

А1он