Запленети над 1,1 тон марихуана од Албанија

Од:

Запленети над 1,1 тон марихуана од Албанија, четворица албански државјани притворени, а за уште двајца се трага, е билансот од акцијата на италијанската полиција во Отрантскиот канал.


Како што пренесува дописникот на МИА од Тирана, моторниот чамец, на кој била натоварена дрогата, бил забележан од страна на исландски авион во текот на меѓународната операција „Аенеас 2013″, промовирана од европската агенција Фронтекс, на локалитетот Фрасанито на северот на Отранто.


Поморската патрола заедно со припадниците на финансиската полиција во чамецот откриле 37 големи торби во кои имало 1.104 килограми марихуана, која на пазарот достигнува вредност од осум милиони евра.


Уапсените, на возраст од 20 до 40 години,  кај себе немале никакви документи, а изјавиле дека сите се од и приморски град Валона. Италијанската полиција, во соработа со албанската полиција, го утврдува нивниот идентитет.


Пред три дена албанската полиција во близина на Валона заплени 1,2 тони марихуана што требало да биде прошверцувана за Италија. Претходно исто количество марихуана, шверцувана од Албанија, беше запленета во италијанскиот град Лече.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски