Западот и сугерира на Србија да не бара отштета за бомбардирањата во 1999 година

Од:

Западот и сугерира на Владата во Белград да не бара отштета за бомбардирањата извршени во текот на 1999 година, пишуваат западните медиуми.

Според овие информации, САД и нивните сојузници кои беа вклучени во воените опеарции против режимот на Слободан Милошевиќ порачуваат дека Србија „не треба да очекува репарации“ за случувањта од пред 15 години, но дека Белград сега би можел да очекува „целосна поддршка“ од Западот во секторот на вработувањето и кај економските реформи.

Од властите во Србија се бара да се насочат кон иднината и кон она што доаѓа, а не кон минатото.

Само САД од 2000 година имаат доделено материјална помош од преку една милијарда долари. Западните медиуми кои се повикуваат на дипломатски извори забележуваат дека сплет од низа околности доведе до бомбардирањето на Белград и на делови од Србија.

Европските експерти проценуваат дека оваа балканска земја нема да влезе во ЕУ пред 2020 година, но дека до тогаш во Европа и во ЕУ би можеле многу работи да се случат.

САД и западните европски сојузници, затоа бараат од Владата во Белград да го продолжи започнатиот дијалог со Приштина, инсистирајќи дека добрите српско-косовски односи не значи признавање на независноста на Косово.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ