Западен Балкан се придружува кон „Хоризонт Европа“

Од:

Европската комисија потпиша договор со четири земји од Западен Балкан, вклучително и Северна Македонија, како и Израел и Грузија, кои од сега стануваат партнери во програмата Хоризонт Европа.

За периодот 2021-2027, БИХ , Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Израел и Грузија стануваат придружни партнери во програмата. Косово е новата земја од регионот што се приклучува кон проектот. Претходниот период другите три балкански земји веќе учествуваа.

Програмата Хоризонт Европа е посветена на иновацијата и истражувањето и им овозможува на учесниците да соработуваат под истите услови како тие што важат за земјите на Европската унија.

Со буџет од 95,5 милијарди евра Хоризонт Европа има за цел да ја поттикне конкурентноста во Европа за постигнување на целите за одржлив развој поставени од Обединетите Нации. Учесниците го споделуваат знаењето, технологиите и истражувањата истовремено со надеж дека тоа ќе значи и отворање на работни места и економски раст.

Еврокомесарката за иновација, Марија Габриел, го поздрави придружувањето на овие шест земји вон ЕУ денеска.

-Придружувањето во Хоризонт Европа е од взаемна корист за ЕУ и за нашите партнери, овозможувајќи поблиска соработка за да се унапреди нашата зелена и дигитална агенда и да се привлечат инвестиции, рече Габриел.

Би можело да ве интересира

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

Одложена е исплатата од Планот за раст на ЕУ за Македонија и земјите од Западен Балкан

Гренел: УСАИД непромислено потроши милијарди за Западен Балкан

Кошта: Иднината на Западен Балкан, Молдавија и Украина е во ЕУ

Мицкоски ќе учествува на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт