Заложничка криза во банка во Турција

Од:

Маж вооружен со пиштол синоќа како заложници задржа седуммина банкарски службеници во една банка во источната турска провинција Ван, јави електронското издание на весникот „Сабах“.

Според весникот, во текот на вечерта напаѓачот ослободил тројца од заложниците, меѓу кои и една бремена жена.

Полициски извори соопштија дека за ослободување на заложниците, киднаперот побарал да му бидат исплатени 500.000 турски лири (околу 195.000 американски долари) и да му биде обезбеден хеликоптер за бегство.

Гувернерот на Ван, Ибрахим Ташјапан изјави дека напаѓачот се решил на ваков чин затоа што му биле потребни пари за лекување на неговото болно дете.

„Сабах“ наведува дека полицијата ги продолжува преговорите со киднаперот со цел да го убеди да ги ослободи заложниците.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ