Зајакнато обезбедувањето околу американската амбасада во Тирана

Од:

Американската амбасада во Тирана од вчера е под засилено безбедување, јави дописникот на МИА од Тирана.

– Кусо по експлозијата во американската амбасада во Турција, полициската Управа на Тирана, презеде итни засилени мерки за обезбедување на американската амбасада со големи полициски сили од секторот за јавна безбедност, пренесува весникот „Газета шќиптаре“.

Полициски патроли, нејзините специјални единици ја имаат опколено амбасадата на САД.

Максималото засилување на безбедувањето на амбасадата е по иницијатива на албанската полиција, од каде потврдуваат дека состојбата е мирна.

– Без оглед што имаме мирна ситуација го засиливме обезбедувањето. Ова го правиме по наша иницијатива, изјавиле од албанската полиција.

Во меѓувреме нападот врз амбасадата во Турција го осудија албанскиот државен врв како и лидерот на опозицијата, Еди Рама.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски