Загинал во сообраќајка со украден полициски автомобил

Од:

Ноќеска на автопатот „Тракија“ во Бугарија во сообраќајка загина едно младо момче, кое претходно украло полициски автомобил “опел“ и со голема брзина возело по автопатот.

Околу 2:40 часот полицијата добила повик од човек кој побарал помош. Човекот објаснил дека патувал со својот автомобил заедно со дваесет и двегодишниот син. Синот, како што објаснил таткото, бил со психички проблеми, и во еден момент реагирал бурно и го принудил да застане сред магистралата.

Момчето, откако излегло од автомобилот, тргнало пеш, по што полицијата го пронашла, но додека полицајците биле невнимателни тоа влегло во полицискиот “опел“ и побегнало.

По неколку минути возејќи во погрешна насока, момчето со полицискиот автомобил удрило во друг автомобил.

Би можело да ве интересира

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ

Медиуми: 1,6 милиони евра поврзани со нападот во Либан поминале низ Бугарија

Горан Наумовски

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална