Заедничка иницијатива на Грција и ОАЕ за инвестиции од четири милијарди евра во Грција

Од:

Заедничка иницијатива за инвестиции во Грција во висина од четири милијарди евра и низа билатерални договори во областа на инвестициите, економската и техничката соработка, индустријата и напредните технологии, климатските активности, енергетиката, здравството, полициската соработка, потпишаа Грција и Обединетите Арапски Емирати за време на официјалната посета на Абу Даби на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис ја предводи бројната владина делегација и се сретна со престолонаследникот Шеик Мохамед Бин Зајед Ал Нахјан со кој разговарале за перспективите за дополнително продлабочување на билатералната соработка, но и за случувањата во Источниот Медитеран, Блискиот Исток, како и ситуацијата во Украина.

– Стратешкиот договор што го потпишавме во 2020 година им даде голем поттик на односите. Како резултат на тоа, нашите финансиски трансакции се зголемија за 76 отсто и тоа е резултат на стратешкиот договор што го потпишавме. Емиратите се стремат овие односи да напредуваат на сите нивоа, како што се енергијата, технологијата, здравството, но и безбедноста на храната, рече престолонаследникот на средбата со Мицотакис.

Тој осврнувајќи се на случувањата во Украина истакна дека ги следат со голема загриженост и изрази подготвеност за хуманитарно да помогнат.

Грчкиот премиер посочи дека со денешните потпишани договори, стратешките односи воспоставени во 2020 година, добиваат нова динамика, додавајќи дека може дополнително да се зајакне билатералната соработка во енергетиката.

– Грција, поради својата географска позиција, има можност да стане порта за влез на природен гас од Блискиот Исток и од југоисточниот Медитеран кон Европа. Во оваа насока се прават значителни инвестиции и би сакале дополнително да ја истражиме можноста за стратешка соработка и учество на капитал од Обединетите Арапски Емирати во оваа насока, рече Мицотакис.

Денешната средба на грчкиот премиер на Абу Даби е трета по ред од 2020 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната