Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

Од:

Силниот и обилен дожд и невремето што попладнево ги зафати Кикладските острови во Егејското море предизвика поплави и проблеми, а најпогодени се островите Парос и Миконос каде што улиците се претворија во реки, а од бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до жителите и посетителите дека е забранет сообраќајот на сите возила, со исклучок на оние за итни случаи.

Од општина Парос и општина Миконос соопштија дека утре, училиштата и на двата острови ќе останат затворени.

Според видеата објавени на социјалните мрежи, на Парос водата на поплавените улици повлече паркирани автомобили.

Градоначалникот на Парос, Костас Бизас за грчката телевизија ЕРТ рече дека невремето започна околу 15 часот и предизвика проблеми на повеќе патни мрежи, а најпогоден е градот Науса каде што се излеала реката, но и потенцираше дека за среќа нема повредени граѓани.

Откако беше испратена пораката од 112 за забрана за движење на возила и од општина Парос преку соопштение ги повикаа жителите и посетителите на островот, „поради опасните временски појави што го зафатија островот, како и големите штети што се предизвикани на патната мрежа, да не се сообраќаат по патната мрежа“.

– Оштетувањата на патната мрежа опфаќаат одрони, поплави и уривања на делови од мрежата, што го прави сообраќајот опасен. Општината во соработка со надлежните служби прави максимални напори за справување со вонредната состојба. Се молат сите жители и посетители на островот да ги следат упатствата на надлежните органи, соопштија од општината, а кусо подоцна преку ново соопштение информираа дека сите училишта на островот ќе останат затворени – стои во соопштението.

Од општина Миконос ги повикаа жителите на островот да останат во нивните домови додека трае невремето и соопштија дека училиштата утре ќе бидат затворени.

– Приоритет е безбедноста на сите. Општина Миконос работи и ќе продолжи напорно да работи со сите сили за санирање на штетите предизвикани од невремето. Ги повикуваме граѓаните да останат смирени, да ги следат упатствата и да соработуваат со надлежните, соопштија од општината.

Хеликоптер од Атина со осум пожарникари се упати кон Парос за доколу е потребна дополнителна помош, меѓутоа поради невремето и опасните временски услови не успеа да стигне и се врати во грчката метропола, а пожарникари со траект на Парос се упатија од соседниот остров Наксос.

Проблеми, но од помали размери имаше и на островот Сирос.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он

Живеат над 90 години и не знаат за деменција – жителите на грчки остров пијат чај секој ден

А1он

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната