Забрана за користење службени возила за време на изборната кампања во Албанија

Од:

Премиерот на Албанија Сали Бериша, во пресрет на парламентарните избори кои треба да се оддржат на 23 јуни издаде забрана за користење службени возила за време на изборната кампања.

Забраната важи за сите вработени во администрацијата и во јавните претпријатија, но и за премиерот.

Ниту премиерот, ниту министрите, но исто така ниту еден владин претставник и функционер од администрацијата нема да користи службено возило за изборната кампања. Некој ќе рече дека јас ќе патувам и со хеликоптер, но тоа не било и нема да биде вистина, изјави Бериша.

Тој додаде дека како што информирале светските медиуми албанскиот извоз во првиот квартал од годинава зебележал раст од 17 отсто, споредено со истиот период лани, а било забележано и намалување и нивото на инфлација.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски