За првпат во Хрватска, геј-двојка доби право да згрижува деца

Од:

По три години правна постапка, хомосексуална двојка успеа да стане згрижувачко семејство на две деца и со тоа првата истополова згрижувачка двојка во Хрватска, беше објавено денеска во Загреб.

– Сакаме официјално да потврдиме дека Младен Кожиќ и Иво Шегота станаа првиот геј пар во Хрватска што вдоми две деца и планира да вдоми повеќе, рече претседателот на Здружението на виножитово семејство, Даниел Мартиновиќ, на прес-конференција на плоштадот Свети Марко во Загреб.

Тој нагласи дека со ова заврши тригодишното патешествие, што беше потребно за целата правна постапка за да докажат дека животните партнери во Хрватска треба да ги имаат истите права како и брачните другари.

Мартиновиќ рече дека Кожиќ и Шегота повеќе нема да даваат изјави за новинарите, бидејќи, според упатствата на Центарот за социјална работа, не може да се споделуваат информации за децата, но додаде дека тие се многу среќни и минуваат низ сè што минуваат и останатите семејства.

Тој изјави дека друга хомосексуална двојка аплицирала за згрижување и дека уште неколкумина размислуваат за тоа.

Би можело да ве интересира

Контроверзниот хрватски пејач Томпсон продаде невројатни 280 илјади билети за концертот во Загреб

Хрстиќ: Подготвени сме да примиме на лекување уште повредени од пожарот во Македонија

Двајца повредени од пожарот во Кочани пристигнаа на лекување во Загреб

Цвијановиќ ги повика Хрватска и Србија да одржат нови преговори за Дејтон

ВИДЕО: Акцијата за спасување на Костелиќ во Црна Гора траела пет часа, објавени снимки

Црногорската војска го спаси Ивица Костелиќ од морето кај Улцињ