За лобирање за Косово Пацоли лани потрошил 10 милиони евра од сопствен џеб

Од:

Косовската дипломатија минатата година ја оцени како успешна, посебно кога станува збор за лобирањето за нови признавања на независно Косово, јави дописникот на МИА.

Потпретседателот на Владата, Беџет Пацоли, кој е еден од најбогатите Албанци во светот, за радио телевизија Косово, РТК, изјави дека лани само во африканските земји бил 16 пати, додека шефот на дипломатијата Енвер Хоџај, кој исто така бил во лобирачка офанзива не дал детали за тие патувања и трошоци.

Пацоли од сопствениот џеб потрошил 10 милиони евра за лобирање, нови признавања од земји кои до тој период одбивале да ја признаат косовската држава.

Дел од членовите на косовската Влада искажале задоволство од лобирачката мисија и признавањето, иако не е постигнат бројот од 100 држави кои го признале Косово, како што најави премиерот Хашим Тачи.

По прогласувањето на независноста, во февруари 2008 година, Косово го имаат признато 97 држави, а последното признавање стигна од Пакистан.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски