За една седмица над 140.000 заразени и 200 починати од Ковид-19 во Грција

Од:

Во периодот од 11 до 17 јули, во Грција се регистрирани 148.435 случаи на Ковид-19, од кои 18 отсто се реинфекции, починаа 200 лица, а 115 се приклучени на апарати, се наведува во седмичниот извештај на Националната организација за јавно здравје за ситуацијата со пандемијата во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Вкупниот број 148.435 потврдени случаи во изминатите седум дена се од 954.188 направени тестови, а стапката на позитивност е 15,56 отсто.

Регистрирани се 200 смртни случаи од Ковид-19, 15 проценти повеќе во споредба со една седмица претходно.

Во грчките болници во конкретниот период биле примени 2.540, а отпуштени 2.097 пациенти, додека пак вкупно 115 лица се приклучени на апарати на одделите за интензивна нега во грчките болници.

Од почетокот на пандемијата во Грција се потврдени 4.210.771 случаи на Ковид-19, а починаа 30.707 лица.

Националната организација за јавно здравје на Грција, наместо дневни, како што беше пракса досега, од минатата седмица, објавува седмични извештаи за ситуацијата со Ковид-19 во земјата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он