За еден ден во Грција запленети половина тон албанска марихуана

Од:

Во две одделени акции спроведени во еден ден, грчката полиција на подрачјето на Игуменица заплени околу половина тон марихуана по потекло од Албанија.

Во акцијата во месноста Сајаде, во реонот на границата кон Албанија, грчката полиција запленила околу 340 килограми марихуана натоварена во мал камион кој превезувало сточна храна. При акцијата се уапсени тројца грчки државјани, на возраст од 25, 26 и 30 години, додека полицијата се уште трага по двајца албански државјани.

Претходно во возило на грчкото Министертвото за правда грчката полиција кај Неа Селефкиа близу Игуменица заплени 149 килограми албанска марихуана. Уапсен е 48-годишен Грк, вработен во Јавното обвинителство во Атина.

Како што јави дописникот на МИА од Тирана, по зглемената контрола од страна на полициите на двете земји и неуспешните обиди на алабнските нарко-дилери да шверцуваат мархуана од Албанија во Грција, сега се почесто во улога на траспортери на дрогата се јавуваат грчки државјани.

Би можело да ве интересира

Ја тепал сопругата и ја терал на проституција, му плаќале со пари и со дрога

А1он

(ВИДЕО) МВР: Откриена е дрога сокриена во камион на преминот „Богородица“

Горан Наумовски

Во Србија запленета голема количина на дрога

(ВИДЕО) Килограм марихуана е пронајдена во стан во скопски Карпош

Во камион на „Богородица“ откриена е голема количина на дрога

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда