За дванаесет часа во албанската метропола регистрирани се два грабежа во кој се украдени над 200 илјади евра.
Вооружени и маскирани лица ограбиле синоќа возило на приватно обезбедување, кое транспортирало пари на приватна американска болница во Тирана и во кое имало 30 милиони леки (212.000 евра).
Вториот грабеж се случил изутринава, кога се уште неидентификувани лица ограбиле сопственик на менувачница при што украле околу 20 илјади евра.