За Додик пресудата на Ле Пен е злоупотреба на судството за политички цели

Од:

Претседателот на Република Српска – Милорад Додик денеска во врска со пресудата со која на лидерката на француското Народно собрание, Марин Ле Пен, и е забрането да извршува јавна функција пет години, изјави дека остро ја осудува злоупотребата на судството за справување со политичките противници.

Додик на платформата Х напиша дека верува во силата на Марин Ле Пен и нејзината евентуална победа.

„Ја поддржувам нејзината посветеност за зајакнување на суверенитетот на народите и државите.

Го поддржувам нејзиното застапување за заштита на традиционалните христијански и семејни вредности. Ја поддржувам затоа што припаѓа на лидери кои ја црпат својата сила од поддршката на народот. Го поддржувам нејзиниот отпор кон глобализмот“, напиша Додик.

Осудата на Марин Ле Пен на четиригодишна затворска казна, од кои две години се условни, како и парична казна од 100.000 евра за проневера на јавни средства предизвикаа реакции кај француските и европските политичари, а одлуката на судот особено ја осудија десничарите кои ја сметаат за политичка пресуда.

Пресудата, исто така, и забранува на Ле Пен да учествува на изборите, што автоматски значи дека и е забрането да се кандидира за францускиот претседател во 2027 година, дури и ако поднесе жалба.

Би можело да ве интересира

Анкета: Најблискиот соработник на Ле Пен би победил на претседателските избори

Марин Ле Пен: Не се откажувам од претседателските избори во 2027 година

(ВИДЕО) Додик со песна ја прослави победата: “Само тако, само тако…“

Катерина Ѓуровски

„Сакавте да се ослободите од Додик, а добивте двајца“ – хаос по изборите во Република Српска

Република Српска утре го избира наследникот на Додик

А1он

Додик: Мирот се зачувува преку почитување на Дејтонскиот договор, а не преку диктатура и политичко насилство

Горан Наумовски