Вулин:Белград ќе направи болни отстапки во преговорите со Косово

Од:

„Белград планира да направи отстапки во преговорите со Косово, од кои некои ќе бидат болни, но го очекува истото и од Приштина“, изјави директорот на српската канцеларија за Косово и Метохија, Александар Вулин.

Владата има стратегија за решавање на проблемот за Косово и зад неа ќе застане цела Србија, дециден е директорот на српската канцеларија.

„Покренување на преговорите со Приштина на „високо ниво“ значи дека никој нема да се крие зад грбот на низок чиновник и зад неговиот потпис, туку разговорите ќе се водат од најважните луѓе во земјата.За разлика од минатите времиња и власти, новата Влада и претседателот, ќе преземат одговорност со своите имиња. Можете да очекувате дека претседателот на републиката ќе биде активно вклучен во преговорите“, изјави Вулин.

На прашањето кој ќе застане од другата страна на преговарачата маса, Вулин одговори: „претставници на албанската нација“.

– Во Косово нема држава, туку само претставници на албанскиот народ. Кои ќе бидат тие, нека решат сами, рече Вулин.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски