Вулин: Сите хрватски функционери од денеска само со најава и под посебен режим на контрола во Србија

Од:

Откако властите во Загреб не му дозволија на српскиот претседател Александар Вучиќ приватно да го посети Јасеновац, српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин изјави дека „од денеска сите функционери на хрватската држава, сите носители на службени или дипломатски пасоши ќе мора посебно да ја најават и да ја оправдаат својата посета или минување низ Србија и ќе бидат ставени под посебен режим на контрола“.

Вулин ја нарече владата на хрватскиот премиер „усташка“ и изјави дека „на Александар Вучиќ, внукот на жртвата од Јасеновац, не му е дозволено да се поклони на споменот на стотици илјади заклани Срби, Евреи и Роми“.

„На претседателот на Република Србија не му е дозволено да го посети местото на најголемота српска егзекуција. Усташите денес, членки на Европската унија, не сакаат да се потсетуваат на тоа колку деца заклале.

„Од денеска сите функционери на хрватската држава, сите носители на службени или дипломатски пасоши ќе треба посебно да ја најават и оправдаат својата посета или минување низ Србија и ќе бидат ставени под посебен режим на контрола“, додаде Вулин со ист тон.

Во соопштението на МВР се додава и дека Вулин рекол дека така ќе биде се додека тој е министер за полиција или „додека Хрватска не почне да се однесува како да не е НДХ“.

Вучиќ планираше денеска да ги посети Јасеновац и Пакрац, но хрватските власти, според неофицијални информации на загрепските медиуми, не му го дозволиле тоа, бидејќи не го почитувал дипломатскиот протокол.

Српската премиерка Ана Брнабиќ утрово изјави дека Вучиќ ја одложил посетата на Јасеновац „заради добрите односи“ меѓу Србија и Хрватска.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Објавена снимка од хрватскиот вицепремиер како пука од автомобил на улица, си поднесе оставка

(ВИДЕО) Хрватскиот вицепремиер Јосип Дабро снимен како пука со пиштол низ прозорецот од автомобил

А1он

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Куриозитети од изборите во Хрватска: Во место во Далмација, Милановиќ ги доби сите гласови