По налог на Второто основно јавно обвинителство во Белград, Министерството за внатрешни работи – конкретно Полициската станица „Вождовац“ – издаде налог за приведување на Драган Ј. Вучиќевиќ, директор и главен уредник на „Информер ТВ“.
Според информациите, тој е уапсен под сомнение за сторено кривично дело предизвикување паника и неред (во континуитет), како и кривично дело попречување на правдата.
Од Обвинителството соопштија дека осомничениот утре ќе биде изведен пред јавен обвинител во Второто основно јавно обвинителство во Белград на распит, при што ќе биде поднесена и кривична пријава.
Вучиќевиќ е лишен од слобода утрово, на само 50 метри од телевизиската станица.
Александар Вучиќ, шеф на пратеничката група на Српската напредна странка (СНС), денеска за време на собраниска седница изјави дека Драган Ј. Вучиќевиќ е уапсен поради – како што рече тој – „неговата новинарска работа“.
