Вучиќ за Северина: Зборува глупости по цел ден и кому му е гајле за тоа

Од:

Александар Вучиќ, претседателот на Србија, зборуваше по приведувањето на Северина на српската граница.

Вучиќ ја спомна и Селма Бајрами и посочи дека и двете ја мразат Србија и зборуваат глупости.

„Сега ќе вр изненадам со тоа што имам да кажам. Му се јавив на Дачиќ утрово, го разбудив, да видам што се случува со Северина. Ми рече така е и така е и ми рече дека не е приведена, ја држеле на граница два часа и мислам дека е тоа многу глупаво и непотребно. Не заради Северина, за која имам најлошо мислење. Ние мора да се разликуваме од нив во се. Не дај Боже да водам држава во која ќе го апсат секого што ги слуша песните на Томпсон. Пуштете ги сите и Селма Бајрами. Тоа што тие ја мрзат Србија говори само за нив. Нема да бидеме држава која ќе го апси секого што го слуша Томпсон. Северина зборува глупости по цел дем и на кого му е гајле тоа. Нека зборува што сака, рече Вучиќ.

За потсетување, Северина Вучковиќ беше приведена во неделата вечерта на границата меѓу Хрватска и Србија. Српската полиција „ја спровела вообичаената постапка за испрашување, која се применува на сите лица чии изјави државните органи на Србија ги сметаат за сомнителни“. Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ најави дека Србија ќе го укине законот за вербален деликт по кој е сопренеа Северина.

По разговорите со надлежните органи, Северина добила дозвола за влез во Србија. Сепак, пејачката решила самоиницијативно да се врати во Хрватска, наместо да го продолжи патувањето во Србија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Роналдињо до Вучиќ: Доаѓам на Експо, се гледаме наскоро!

А1он

Вучиќ изнесе пет барања на собирот „Нема да ја дадеме Србија“

А1он

Вучиќ: Нивната обоена револуција заврши – не можете да му ја скршите кичмата на српскиот народ

А1он

(ВИДЕО) Вучиќ: Благодарам Србија!

А1он

Дефиле на знамиња во Белград – развиена најдолгата српска тробојка

А1он

Не сте надлежен – студентите по медицина му одговорија на Вучиќ за посетата на повредените од пожарот во Кочани