Вучиќ: За прв пат во историјата на Србија, двајца министри поднесоа оставки

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, им се обраќа на граѓаните за време на телевизиското гостување во кое ќе зборува за сите актуелни теми во земјата, но и во светот.

„Најпрво, уште еднаш би изразил сочувство до семејствата на загинатите во несреќата што се случи во Нови Сад“, започна Вучиќ.

„Кога се случи трагедијата, реков дека очекувам морална и политичка одговорност, а институциите ќе си ја завршат работата. Во морална и политичка смисла, луѓето се однесуваа одговорно. Двајца министри, кои некако не можат да се поврзат со ова, но поради нивните позиции дадоа оставки“, рече Вучиќ.

„Тоа беше доказ за напредокот на српското општество, српската политика и степенот на поголема, поширока одговорност. Немам право да се мешам во работата на Обвинителството. Можев да ја играм улогата на „застапник на ѓаволот“ и да поставувам безброј прашања Не сакам да го правам тоа, се надевам дека се ќе помине без никакви поими за вознемиреност на јавноста“, рече Вучиќ.

Тој истакна дека тој како претседател не може да се меша во работата на судовите поради неговата позиција, бидејќи со тоа ќе се прекрши Уставот на Србија.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: За 10 години направивме колку Тито, Милошевиќ и ДОС заедно

Полицијата уапси маж кој им се закануваше на Вучиќ и на Брнабиќ

Горан Наумовски

Вучиќ со воз кон Сремска Митровица: Очекувам 120 илјади луѓе

(ВИДЕО) Се откачи тркало од автомобилот со кој патуваше Вучиќ

Горан Наумовски

Вучиќ: Во Србија нема да има Шарена револуција

Вучиќ: Ги повикувам Србите од Косово да излезат на избори и да гласаат за Српската листа