Вучиќ во разговор со Трамп Јуниор: Сѐ што се случи во САД, се случува и во Србија

Од:

Доналд Трамп Јуниор, синот на американскиот претседател, во средата го посети Белград и имаше срдечна средба со српскиот претседател Александар Вучиќ. Трамп Џуниор ја искористи оваа прилика да направи интервју со српскиот лидер, кое беше објавено на неговиот подкаст.

Во текот на разговорот, Вучиќ се осврна и на невладините организации кои учествуваа во дестабилизацијата на Србија, а кои беа финансирани од Америка.

Вучиќ потсети дека во Србија се случува истото како во САД и дека сите невладини организации се против него како што се против Трамп во САД. Вучиќ посочи дека невладините организации во Србија биле финансирани од НЕД и УСАИД и дека тие секогаш се усогласувале со анархолибералната страна во сите политички кризи.

– Сето тоа е мешање во нашиот изборен процес преку овие невладини организации кои се претставуваат како независни, посочува Вучиќ.

Вучиќ потсетува дека истите пари биле искористени и за поддршка на антидржавните медиуми.

– Не знам што беше тоа добро за американските граѓани – рече претседателот на Србија.

Вучиќ вели дека државата ќе си ја заврши работата и дека многумина ќе се изненадат и дека ќе му покаже на американскиот претседател Трамп за што се користеле парите.

– Истото може да му се случи – рече претседателот на Србија.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Состојбата на Дачиќ е „нешто подобра“

Горан Наумовски

Претседателот Вучиќ го посети Дачиќ: Се молиме за него

Притвор за осомничените кои планираа атентат врз претседателот на Србија

Горан Наумовски

Сакале да го убијат Вучиќ и неговото семејство: Уапсени се две лица во Краљево

Србија повторно воведува задолжителен воен рок

ВИДЕО: Блокадерите маваа со јајца во картон со ликот на Вучиќ