Вучиќ: Тектонски промени на Косово, ние во 1999 практично го загубивме суверенитетот

Од:

Важно е да се однесуваме одговрно порача претседателот на Србија Александар Вучиќ вечерва во телевизиско гостување, а во врска со последните случувања на Косово.

– Мислам дека е многу важно луѓето да знаат низ што поминавме во претходните децении и што се случи пред неколку месеци. Во 1999 година ние всушност го загубивме суверенитетот, без право на нашата армија, а во 2004 година почна погромот. Во 2008 година Косово прогласи независност. Почнавме тешки преговори во 2012, 2013 година. Тешко е да се споредат со оние од 1998 и 1999 година, кога беа поголеми и потешки бидејќи последиците беа поголеми и потешки. Но, оттогаш овие беа најголемите и најтешките. Со бриселскиот договор купивме 10 години мир рече Вучиќ.

Вучиќ изјави и дека е лоша одлука преговорите со Приштина да се префрлат во ЕУ и дека тоа е најголемата грешка што ја направила Србија и дека тоа го кажал пред Лајчак и претставниците на ЕУ.

– Не можам да кажам дека е лесен момент, но не е прв, ниту последен. Важно е да се однесуваме одговорно и сериозно. Зборуваме за големи политички тектонски промени. По 10 години, Србите донесоа одлука да ги напуштат институциите во Приштина. Ќе имаме време да одговориме на бесмислените приказни за тоа како го прават тоа по наредба од Белград. Тие никогаш не сакаа реално да гледаат на проблемите со кои се соочуваат Србите“ додаде тој вели српскиот претседател.

Србите на Косово вчера донесоа одлука да се повлечат од сите институции и оваа одлука ќе биде во сила се додека косовските влсти не ја повлечат одлуката за пререгистрација на возилата.

Би можело да ве интересира

Вучиќ и Мицкоски разговараа за економски и инфраструктурни проекти, со посебен акцент за пругата Будимпешта-Белград-Скопје-Атина-Пиреја

Вучиќ: Ако е загрозена безбедноста на Москва, Путин нема да се двоуми, ќе употреби нуклеарно оружје

А1он

Вучиќ за трагедијата во Нови Сад: Утре нови оставки од Владата, како и од други места

А1он

Вучиќ: Не го советував Весиќ да поднесе оставка, но покажа човечка одговорност

А1он

Вучиќ очекува извинување од Пицула како предуслов да дојде во Србија

Предраг Петровиќ

Вучиќ: Србија е сцена на хибридна војна на странски служби

А1он