Првиот потпретседателот на Владата на Србија, Александар Вучиќ раскажа што мисли за воените случувања во Сребреница.
Тој вели дека нема проблем да отиде таму, но дека пред тоа сака да разговара со луѓето, за да неговото заминување не се сфати како провокација за која било страна.
-Мислам дека клучна работа за сите нас е да размислуваме за иднината. Доколку ние цело време зборуваме за минатото, за иднината нема да размислуваме-изјави тој.
Вучиќ додаде дека не сака да се крие зад некој, кој лажно во името на народот ги направил злосторставата.
-Тоа е стравотно злосторство, толку страшно што се срамам затоа што го направил некој од мојот народ, истакна тој и додаде дека тие кои што се одговорни за злосторставата мора да одговараат за нив, додека на народот ќе му треба според него многу време за да изгради меѓусебна доверба.
Елена Георгиевска