Вучиќ: Стратешка цел на Србија е членство во ЕУ

Од:

Српскиот премиер Александар Вучиќ потенцира дека Србија не мора да бира меѓу Русија и ЕУ, бидејќи тоа веќе го направила и се наоѓа на патот кон Унијата, што е стратешка цел на земјата и нагласи дека сака добри односи со соседите, бидејќи без стабилност нема ни напредок во регионот.

Во интервју за денешното издание на виенскиот весник „Пресе“ Вучиќ потенцира дека Србија сака освен членството во ЕУ да ги сочува и традиционално добрите односи со Русија.

Српскиот премиер истакна дека засега не постои притисок од ЕУ на Белград да се приклучи кон санкциите против Русија, укажувајќи дека земјата во следните години ќе мора својата надворешна политика да ја хармонизира со онаа на Унијата. Тој се заблагодари што земјите од ЕУ ја разбираат тешката ситуација на Србија, објаснувајќи дека земјата е многу зависна од руските енергенси, па мора да внимава на своите интереси.

Вучиќ се заложи за решавање на проблемите на српското население во Косово и рече дека следната средба во рамките на дијалогот Белград Приштина ќе биде одржан на 9 февруари во Брисел. Тој уште истакна дека Србија го почитува територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина и оти земјата ќе се обиде да има добри односи со Хрватска и по стапувањето на должност на новата претседателка Колинда Грабар Китановиќ, со оглед на тоа дека таа имала некои „не така добри“ изјави за Србите кои живеат во Хрватска.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ