Вучиќ: Србија нема да крева огради на своите граници

Од:

Србија нема да крева огради на границите, но нема ни да биде собиралиште за бегалци, изјави српскиот премиер Александар Вучиќ за државната телевизија РТС.

– Министрите Небојша Стефановиќ (за внатрешни работи), Александар Вулин (за труд) и неколкумина други, кои јас доста ги почитувам и коишто се борат за Србија, бараат да поставиме огради. Само јас сум против. Но, Србија сепак нема да биде „паркинг“ за бегалци – изјави Вучиќ, и додаде дека во Србија има 6.500 мигранти, од кои 81 отсто се од Авганистан.

– Тие момчиња се многу агресивни, прават проблеми, најмногу во Белград. Се почесто ги фаќаме и како крадат. Нема да преземаме репресивни мерки спрема нив, но треба да бидеме внимателни. Бројот се повеќе зголемува. Србија не може да прими повеќе мигранти, зашто тие, кои се веќе на нејзина територија, не продолжуваат понатаму кон ЕУ – рече Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Сите кои учествуваат во подготовката на државниот удар ќе одговараат според законот

Горан Наумовски

Вучиќ: Нема опција блокадите да завршат до 17 март, ќе се обидеме да го направиме тоа до април

Вучиќ: За жал, не можеме да го исполниме вашето основно барање

Во Пријепоље уапсен маж кој му се заканувал на Вучиќ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Вучиќ: Србија никогаш нема да го поддржи апсењето на Милорад Додик

Вучиќ: Очекувам големо насилство на 15 март, државата ќе знае како да се однесува