Вучиќ: Србија ќе се покаже како вистински, европски партнер

Од:

Србија ќе биде вистински европски партнер во решавање на актуелните предизвици, изјави денеска српскиот премиер Александар Вучиќ по состанокот со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин.

Вуќиќ изрази задоволство од разговорот со Меркел, уверувајќи дека до крајот на годинава ќе бидат отворени првите поглавја со Србија.

– Секој разговор со Меркел претставува посебна чест и покажува како угледот на Србија во светот станува се посилен и не може веќе да се крие, истакна српскиот премиер.

Според Вучиќ, во врска со лажните азилатни брзо постигнале согласност, но најмногу време разговарале за бегалската криза, бидејќи постои поделба на економски мигранти и вистински бегалци.

– Вистинските бегалци доаѓаат од Сирија, Ирак и делови од Авганистан. Разговаравме како се однесуваат определени европски земји. Гордо истакнав дека Србија покажува апсолутна солидарност со проблемите на бегалците, но и со Германија и Европа, нагласи Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ