Србија го поддржува територијалниот интегритет на Украина, но нема да воведе санкции против Русија, изјави српскиот премиер Александар Вучиќ по средбата со премиерот на Франција во Париз, Мануел Валс.
– Нашиот став не е сосема неутрален. Ние решително ја поддржуваме идејата за територијалниот интегритет на Украина и на тој фактор му придаваме големо значење, нагласи тој.
– Единствената разлика меѓу ставот на Србија и на земјите-членки на Европската унија е тоа што ние нема да воведеме санкции против Русија, додаде Вучиќ како одговор на новинарско прашање на прес-конференцијата со Валс.