Вучиќ: Србија е подготвена за во ЕУ

Од:

Потпретседателот на владата на Србија и министер за одбрана, Александар Вучиќ во Лондон разговараше со членовите на Одборот за ЕУ, на Горниот дом на парламентот, за подготовка и приближување на Србија, во Европската унија.

Србија постигна напредок во преговорите со Приштина, реформите во правосудството, борбата против корупцијата и криминалот. Никој не може да ја негира нашата добра политичка волја, да го исполниме тоа што го ветивме – изјави Вучиќ.

Претставувајќи го Одборот на ЕУ, Лорд Босвел оцени дека Србија навистина постигнала напредок, што потврдува и извештајот од Брисел.

Одборот на Домот на лордовите за ЕУ е формиран во 1974 година, година дена откако Британија се приклучи во Унијата. Членовите на одборот ги разгледуваат предлозите на европските процеси.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ