Вучиќ: Секако дека ни треба силна војска, инаку би не проголтале како мачка глушец

Од:

Претседателот на Србија Александар Вучиќ се осврна на изјавите на германскиот амбасадор Јорн Роде, велејќи дека тој е „познат по своите антисрпски ставови и дека се меша во се, почнувајќи од тоа каков грав ќе се јаде во Северна Митровица“.

Во изјавата од Азербејџан, Вучиќ се осврна на изјавата на Роде дека барикадите во Косово треба да бидат отстранети до Божиќ. „Неговата изјава е опасна, таа е закана за српскиот народ“, рече Вучиќ, а пренесува N1. Тој праша и зошто Приштина ги споменува жртвите и колку Срби ќе убијат, а го спомена и косовскиот премиер Албин Курти, за кого исто така рече дека се заканува.

Своето внимание го сврте и кон Турција

„Германија сака целосна доминација на Балканот“, тврди Вучиќ и додаде дека „отсекогаш знаел дека некој го турка Курти во неговиот дисбаланс“. Тој изјави и дека српската војска е десет до петнаесет пати посилна од пред десет години и дека во Баку ќе разговара за воена соработка.

„Секако дека ни треба силна војска, инаку би не проголтале како мачка  глушец“, рекол Вучиќ, а потоа се свртел кон Турција. На односите со нив, вели тој, ќе влијае тоа што тие ја вооружуваат Приштина, мислејќи на беспилотни летала.

Би можело да ве интересира

Уапсена Хрватка која се обидела да упадне во зградата на српското Претседателство

(ВИДЕО) Трагедија во Србија: најмалку осум жртви во пожар во старечки дом

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Родителите бараат итно враќање на децата на училиште, почнаа петиција

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ