Вучиќ револтиран од испаѓањето на Србија: Играч од 5.000 евра ни дава гол

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го коментираше испаѓањето на српската селекција во групната фаза на Европското првенство кое се случи синоќа, а попатно ги прозва и челниците на Фудбалскиот сојуз на Србија, во кои, како што посочи, државата вложува многу пари.

Србија заврши на последното место во групата во која не успеа да победи. Од групата се пласираа Англија, Данска и Словенија, а Србија и покрај големите очекувања уште во првата фаза се прости од континенталното натпреварување.

“Се согласувам дека тоа е дебакл. Тоа е спорт, тоа е спорт, се е спорт, само дадовме многу пари за тој спорт и вложивме многу. Луѓето во Србија заслужуваат подобри резултати. Не е проблем да се загуби од Англија, која е лоша, не е проблем можеш да загубиш од Германија, Шпанија, кој сакаш, туку проблем е кога ќе загубиш од Словенија, која чини три пати помалку од српската репрезентација, кога играч кој зема плата од 5.000 евра во Целје дава голови, бидејќи нема кој да го запре“, рече Вучиќ.

Претседателот на Србија додава дека Србија не е „банана држава“ и дека многу вложува во спортот, иако резултатите не стигнале. Тој ги обвини и челниците на Фудбалскиот сојуз на Србија.

„Проблеми има безброј. А што, сега сме среќни, задоволни, никому ништо… Нема да се занимавам со тоа и не сме „банана“ земја каде што се се решава за еден ден и преку ноќ, со емотивни реакции. , но сосема сум сигурен дека да, и во ракометот и во фудбалот, особено поради фактот што вложуваме многу пари во инфраструктурата, дури и во платите на функционерите на Фудбалскиот сојуз, иако тие ќе ви кажат дека го добиваат од УЕФА. оставете го тоа и празните ориказни на селекторите. Вложуваме огромни пари и граѓаните на Србија заслужијаву подобар резултат“, изјави Александар Вучиќ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Репрезентативецот на Словенија му одговори на Александар Вучиќ

Предраг Петровиќ

Турците со авион отпатуваа до стадионот оддалечен 150 километри и ги налутија активистите, веднаш се огласи УЕФА

Предраг Петровиќ

Комичен цртан филм за испаѓањето на Хрватска: Херојот на Италија се шета, Модриќ го гризе дресот

Уште важат за први фаворити на ЕП, а во осум натпревари имаат само две победи

Хрватите по испаѓањето пречекани од мал број навивачи на загрепскиот аеродром

Бунт во српската репрезентација

Предраг Петровиќ