Вучиќ: Референдумот во Република Српска помина мирно, важно е да смират тензиите во регионот

Од:

Српскиот премиер Александар Вучиќ во понеделникот изјавил дека најважно е тоа што референдумот за славењето на Денот на Република Српска поминал мирно, оценувајќи дека во моментот е важно да се смират тензиите во регионот, пренесуваат српските медиуми.

Вучиќ додал дека имал телефонски разговор со претседателот на Република Српска Милорад Додик и дека се согласиле дека за целиот регион е важно „да се гледа кон иднината“.

„Ако било кој смета дека решението е во судирите, ние не само што нема да учествуваме во тоа, туку и остро ќе се спротивставиме, бидејќи за нас мирот и стабилноста се основни услови за да се видат резултатите од нашето работење“, рекол српскиот премиер, додавајќи дека Србија направила се што може за „стабилизирање на приликите“ во регионот и дека ќе продолжи да го прави тоа и во следниот период.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Лозница нема да знаат што да прават со парите

Горан Наумовски

Вучиќ од Каиро: Нападот врз Трамп е чист чин на омраза

Вучиќ: Ова е смислен терористички напад, ќе има уште апсења, црвена тревога до вторник

Вучиќ: Нема да имаме милост кон тероризмот во Србија

Вучиќ револтиран од испаѓањето на Србија: Играч од 5.000 евра ни дава гол

Вучиќ: Очекувам ситуацијата да ескалира во наредните месеци