Српскиот премиер Александар Вучиќ пред неговата посета на Албанија, за агенцијата Анадолија вели дека како премиер остварува прва официјална посета на оваа земја, во рамките на градењето добри односи и заеднички економски развој.
– Ова ќе биде првпат во историјата на двата народа и двете земји. Ќе одам со желба да изградиме подобри односи, да разговараме за нештата кои сеуште не разделуваат, изјавил Вучиќ.
Нагласуваќи дека во име на Србија и посакува на Албанија европска перспектива, тој додал дека неговата земја нема да се откаже од националните и државни интереси, исто како и Албанија. Тој смета дека преку дијалог разликите може да се надминат а економската соработка ќе ги поврзе двата народа и држави. Посакувам, изјавил Вучиќ, Србија да биде поотворена за потенцијални албански инвеститори,како и за српските инвеститори, Албанија.
Инаку, албанската влада потврди дека на 27-ми и 28-ми мај, српскиот премиер Александар Вучиќ ќе престојува во официјална посета на Албанија.
Кабинетот на премиерот на Рама соопшти дека српскиот премиер ќе присуствува и на економскиот форум кој ќе се одржи во Тирана, а на кој ќе учествува и косовскиот премиер Иса Мустафа, како и преставници на други земји од регионот.