Вучиќ положи цвеќе во „Рибникар“: „Оваа трагедија остави неизбришлива лузна на душата на цела земја“

Од:

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, положи цвеќе во училиштето „Владислав Рибникар“ на годишнината од убиството на деветте ученици и обезбедувањето на ова училиште.

Вучиќ на својот Инстаграм профил заедно со фотографиите напиша:

„Пред точно една година осамна последното училишно утро за нашите девет ангели и човекот кој ги чуваше и татковски се грижеше за нив.

Помина една година од невидената трагедија која остави неизбришлива лузна на душата на целата земја, но болката, неверувањето и неизмерната тага не поминаа.

Зад бесмислениот чин кој веднаш ги згасна животите, иднината и соништата на Ана, Софија, Мара, Андрије, Бојана, Ангелина, Ема, Катарина, Адријана и нивниот вујко Драган, се криеше празнина, но и страшно потсетување на целото општество дека мораме да ги заштитиме нашите деца од секое зло, опасност и закана.

На тоа нè обврзуваат нивните соништа и сето она што тие би можеле да станат. Ќе направиме се за да се издигнеме како држава по овој ужас што не снајде. Изразувам искрено и најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите. Нека почиваат во мир“.

Би можело да ве интересира

Литванија и Латвија му забранија на Вучиќ да лета за Москва

Вучиќ: Никој не може да ја запре Србија која создава, гради и сонува

Горан Наумовски

Мали: Вучиќ ја напушти ВМА, тој нема да се предаде

Горан Наумовски

Вучиќ почувствувал болка во градите, која била силна и траела кратко време

Горан Наумовски

Брнабиќ: Здравјето на претседателот е сериозно нарушено

Вучиќ е примен на Воено медицинската академија во Белград

Горан Наумовски