Вучиќ: Подготвен сум и пеш да отидам во Брисел

Од:

Првиот потпретседател на српската влада, Александар Вучиќ изјави дека е подготвен доколку треба и пеш да отиде во Брисел на преговорите на 2-ри април, а за составот на српската делегација ќе одлучи државниот врв во понеделник.

-Ќе направиме компромис затоа што тоа е важно за идината на Србија, но бареме и од Европската унија, САД и целата меѓународона заедница да покажат дека не сакаат понижување на Србија – изјави тој.

Вучиќ кој што е министер за одбрана, изјави дека Србија на преговорите во Брисел сака да разговара и да ги реши суштинските проблеми поврзани за надлеженоста на заедницата на српските општини, како прашањата на политичката сила, правосудството и присуството на воена сила на тој простор.

-Сакаме суштински да ги решиме проблемите, а не само да водиме технички дијалог – изјави првиот потпретседател на владата и додаде дека како и да завршат преговорите во Брисел, Србите и Албанците и понатаму ќе живеет близу и дека затоа е важно да се води сметка за интересите на двете држави.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ