Вучиќ побара преразгледување на одлуката за референдум во РС

Од:

Српскиот премиер Александар Вучиќ го замолил претседателот на Република Српска, Милорад Додик да ја преразгледа одлуката за распишување на референдум против законот за државен суд и обвинителство во БиХ.

На прес-конференцијата по средбата со Додик во Белград, Вучиќ изјави дека тоа е „суверена одлука на РС“, но оти го замолил претстедателот на РС одлуката за референдумот внимателно да ја разгледа.

– Србија никогаш и на ниту еден начин не се мешала во внатрешните работи на Босна и Херцеговина, ниту во внатрешнополитичките проблеми на РС, посочи Вучиќ.

Додик изјави дека судот и обвинителството се под директно влијание на Партијата за демократска акција и нејзиниот лидер Бакир Изетбеговиќ. Претседателот на РС посочи дека се подготвени за дијалог за тоа прашање, но оти ако не се договорот тогаш одлуката за референдум останува во сила.

– Очекувам судот да биде независен, а не под влијание на Изетбеговиќ или на Амбасадата на САД или на Велика Британија. Може да има суд и обвинителство на БиХ, но тие не треба да бидат насочени кон еден народ (Србите), ниту да преземаат случаи од РС, рече Додик.

Вучиќ и Додик разговараа и за нападот врз српскиот премиер во Поточари на одбележувањето на 20-годишнината од масакрот во Сребреница.

Додик инцидентот го оцени како „обид да се дестабилизира регионот“ и ја истакна неопходноста од поддршка на мирот во БиХ и во целиот регион.

Би можело да ве интересира

Дачиќ: Завршена спасувачката акција во Нови Сад, 14 загинати и тројца повредени

Сиљановска Давкова изрази сочувство до семејствата на загинатите во несреќата во Нови Сад

Вучиќ: Едно лице од Македонија загина во трагичниот настан во Нови Сад

Горан Наумовски

Вучевиќ од Нови Сад: Ќе инсистираме да се најдат одговорните

14 лица загинаа во урнатините пред железничката станица во Нови Сад

Горан Наумовски

Весиќ: Ќе ја утврдиме одговорноста на оние кои не го реконструираа овој дел од станицата

Горан Наумовски