Вучиќ од Брисел: Дадов извештај за повредите на уапсените Срби од Косово

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави дека на средбата со еврокомесарот за надворешни работи и безбедност, Јосеп Борела, и со специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак, разговарал и за ситуацијата на Косово, при што им доставил извештај за повредите на Србите кои биле уапсени, а тие не се виновни за ништо.

Тој пред новинарите во Брисел изјави дека во извештајот е наведена нивната состојба.

„Ќе продолжиме да разговараме на дневна основа. Посочив дека Србите се во тешка позиција“, изјави Вучиќ.

Тој додаде дека слушал се што имаа да кажат и двајцата.

„Ја разбирам нивната желба за деескалација на ситуацијата, односно проблемите да се решаваат преку разговор. Не би зборувал за конкретни работи. За нас најголемиот проблем не е индивидуалната ситуација, туку фактот што режимот на Курти втора или трета година по ред или се обидува да ги протера, апси или исплаши Србите, без разлика дали се работи за тепање или некоја друга акција или избори со 3,4 отсто од излезеност или со забрана за влез на камиони“, рече Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ по завршувањето на протестот: Денеска не кренавме пендрек, имаше многу насилство

Предраг Петровиќ

Вучиќ: Нема да има преодна влада додека сум жив, нема да прифатам уцени

Вучиќ: Целта беше да се изврши Шарена револуција во Србија

Горан Наумовски

Вучиќ во разговор со Трамп Јуниор: Сѐ што се случи во САД, се случува и во Србија

Вучиќ: Сите кои учествуваат во подготовката на државниот удар ќе одговараат според законот

Горан Наумовски

Вучиќ: Нема опција блокадите да завршат до 17 март, ќе се обидеме да го направиме тоа до април