Вучиќ: Николиќ и јас не сме во кавга

Од:

Првиот потпретседател на српската влада, Александар Вучиќ изјави дека во Брисел на 2-ри април ќе се водат тешки разговори, но дека државниот врв ќе донесе одлука која што ќе биде во интерес на граѓаните.

Тој додаде дека не е во кавга со претседателот на Србија, Томислав Николиќ.

-Немој да се сомневате во тоа. Ќе донесеме одлука која што ќе обезбеди добро на Србија и нашите деца- изјави Вучиќ.

Тој на предизборниот собир на Српската напредна партија во Ковин порача дека претстојат тешки договори, но дека не дошол да се жали.

-Не дојдов овде да се жалам, ниту пак да плачам поради нашата политичка судбина, туку да кажам дека колку и да е тешко, државниот врв ќе донесе одлука која што ќе биде во интерес на народите –изјави тој.

Вучиќ истакна дека не е во кавга со претседателот Николиќ и дека политичките противници се обидуваат да направат ситуација и да прикажат дека не постои единство.

Тој повтори дека СНС ќе го промени секој министер кој нема да работи добро, без оглед дали другите партнери во власта се задоволни од неговата работа.

Вучиќ смета дека на Србија и се потребни промени и дека државата нема време да чека.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ