Вучиќ: Не грижете се, нема во тек никаква револуцијата

Од:

Претседателот на Србија Александар Вучиќ им се обрати на граѓаните во врска со обидот за насилен влез во Градското собрание на Белград од страна на претставници на листата „Србија против насилството“.

„Сакам да ви кажам да не се грижите, граѓани на Србија, иако сцените се драматични затоа што ја сакаме нашата земја и град, не сме навикнати некој да ни ги крши прозорците и да ни ја руши куќата. Не грижете се, нема во тек никаква револуцијата, ништо такво нема да им успее без ние да се потрудиме да не повредиме некој од случајните демонстрант“, рече Вучиќ.

Тој рече дека вечерва на собирот кој беше најавен со помпа се собрале 2.490 лица, додека 1.090 се обиделе да упаднат во зградата на Собранието.

„Некои си го покажаа лицето. Со денови укажувавме дека се подготвуваат за тоа бидејќи знаат дека народот не сака да гласа за нив и никогаш нема да ја добие довербата од народот. Со денови го предупредуваме странскиот фактор“, рече Вучиќ.

Да потсетиме, приврзаниците на коалицијата „Србија против насилството“ (СПН) кои вечерва протестираат на покана на претставниците на коалицијата направија обрач околу зградата на Градското собрание на Белград и се обидуваат да пробијат внатре. Имаше туркање пред влезот, а искршено е стаклото од влезната врата.

По говорот на Мирослав Алексиќ, кој ја повика толпата да ја опколи зградата на Градското собрание, лидерите на опозицијата наидоа на заклучена врата која се обидоа да ја отворат.

Би можело да ве интересира

Вучиќ изрази сочуство до Силјановска – Давкова: Ќе испратиме хеликоптери и медицински тимови

Вучиќ по завршувањето на протестот: Денеска не кренавме пендрек, имаше многу насилство

Предраг Петровиќ

Вучиќ: Нема да има преодна влада додека сум жив, нема да прифатам уцени

Вучиќ: Целта беше да се изврши Шарена револуција во Србија

Горан Наумовски

Вучиќ во разговор со Трамп Јуниор: Сѐ што се случи во САД, се случува и во Србија

Вучиќ: Сите кои учествуваат во подготовката на државниот удар ќе одговараат според законот

Горан Наумовски