Вучиќ на ручек со претседателката Сиљановска Давкова: „Заедно можеме да понудиме многу

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ од Прохор Пчињски замина на ручек со македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова за што се огласи на својот Инстаграм профил.

„Со нескриена гордост и ги претставив одличните вина што Србија може да ги понуди на претседателката @gordana_siljanovska_davkova. Ручекот во автентичната атмосфера на @aleksic_vina беше можност за неформални разговори и дегустација на врвни вина од нивната визба. Благодарам на семејството Алексиќ за нивното гостопримство и ја претставуваат нашата земја.

Со драгата гостинка и домаќините разговарав за заедничките можности во лозарството и туризмот. Убеден сум дека Србија и Северна Македонија можат да понудат многу за секого во тие области“, стои во описот на фотографијата.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: За 10 години направивме колку Тито, Милошевиќ и ДОС заедно

Полицијата уапси маж кој им се закануваше на Вучиќ и на Брнабиќ

Горан Наумовски

Вучиќ со воз кон Сремска Митровица: Очекувам 120 илјади луѓе

(ВИДЕО) Се откачи тркало од автомобилот со кој патуваше Вучиќ

Горан Наумовски

Вучиќ: Во Србија нема да има Шарена револуција

Вучиќ: Ги повикувам Србите од Косово да излезат на избори и да гласаат за Српската листа