Вучиќ на одбележувањето на годишнината од „Олуја“: Повеќе нема да има злосторства врз српскиот народ

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва во Мркоњиќ Град се обрати на централната церемонија по повод Денот на сеќавање на жртвите и прогонетите во хрватската воена операција „Олуја“, порачувајќи дека Србија повеќе нема да дозволи прогон и злосторства врз српскиот народ.

Во говорот, Вучиќ се осврна на страдањата на Србите за време на операцијата „Олуја“ во 1995 година и на жртвите од претходните војни, оценувајќи дека тие не смеат да бидат заборавени.

„Ви гарантирам дека повеќе никаде, ниту во Република Српска, ниту на кој било дел од територијата на Србија, нема да има погром или нова ‘Олуја’. Србија денес е доволно силна и ќе го заштити својот народ“, изјави Вучиќ.

Тој нагласи дека ова е негово последно обраќање на одбележувањето во својство на претседател на Србија и оцени дека во изминатите години државата го променила односот кон одбележувањето на страдањата на српскиот народ.

Вучиќ порача дека зачувувањето на мирот и стабилноста останува најважна цел, но истовремено истакна дека Србија нема повторно да дозволи, како што рече, погроми и злосторства врз Србите.

Во својот говор тој повтори дека „не постојат босански, хрватски или србијански Срби, туку само Срби“, нагласувајќи дека српскиот народ треба да остане единствен без оглед на тоа каде живее.

Осврнувајќи се на односите во регионот, Вучиќ ја критикуваше Црна Гора порадинејзините позиции за Косово и односот кон одбележувањето на операцијата „Олуја“, а изрази благодарност до Република Српска за, како што рече, поддршката на заедничките национални интереси.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 27 септември

А1он

Повеќе од 70 отсто од младите во БиХ сакаат да ја напуштат земјата по школувањето

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Познат генерал пронајден мртов

ВИДЕО: Потера во Словенија – застрела полицаец и побегна со полициски автомобил

Распишани се изборите во Србија на 25 октомври

A1on