Вучиќ: Мигрантската криза ЕУ треба да ја решава во Грција и Бугарија

Од:

Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска во Париз ја повика ЕУ проблемот со мигратската криза да го решава на своите на надворешни граници, односно во Грција и Бугарија, јави Танјуг.  

– Европската унија треба овој проблем да го решава на сопствените надворешни граници. Србија не може да биде првата и последната заштитна брана на Европа. Некој треба да го реши проблемот на границите на Грција и на Бугарија, кои се члнеки на ЕУ, порача Вучиќ.

Српскиот премиер, кој се наоѓа во посета на Франција, нагласи дека Белград ја презема својата одговорност во врска со мигрантскта криза и продолжува да покажува солидарност кон проблемот со бегалците.

Вучиќ нагласи дека „ѕидови и огради“ долж границите не се неопходни, бидејќи тие не се добро решение за никого.

Во рамки на посетата на Париз, Вучиќ денеска со директорот на Банката за развој на Советот на Европа, Ролф Вензел потпиша договор со која оваа финансиска институција на Србија ќе и додели 755.000 евра неповратни средства наменети за згрижување на бегалците и мигрантите во земјата.

Тоа претставува дополнение на помошта од 2,5 милиони евра, која Банката за развој веќе ја имплементираше и најава за нови грантови за српската Влада за нејзините идни потреби, како за мигрантите, така и за локалното население.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Трамп обезбеди прекин на огнот во Газа уште пред да ја преземе функцијата

Вучиќ: Се подготвува голема реконструкција на Владата на Србија

Горан Наумовски

Брнабиќ ќе поднесе потписи за референдум за доверба на претседателот Вучиќ

(ВИДЕО) Поддршка за Александар Вучиќ во Скопје

Горан Наумовски

Вучиќ: Уште една лоша вест, не можеме да очекуваме повеќе гас од Азербејџан

Горан Наумовски

Вучиќ: Странски служби го бараа убиецот од „Рибникар“

Горан Наумовски